Протести во повеќе градови во Србија за поддршка на студентите и просветните работници

Студентите во Белград организираа собир за поддршка на наставниците наречен „Училишен час во последен час“. Протестна прошетка организираа и средношколците во Ваљево кои велат „Децата во нас знаат сè – за мир, правда и нови соништа“. Протестни маршови има и во Ниш, каде протестира наставниот кадар на високообразовните институции, како и во Крагуевац, информира Н1.

Денеска се одржа протест и на средношколците во Нови Сад – „Распустот е ваш, промената е наша“, каде тие повикаа на генерален штрајк.

Протестен марш имаше и во Чачак, каде, како што јавуваат репортерите, се собрале голем број граѓани. Проблеми немало се до пристигнувањето пред просториите на Српската напредна странка (СНС) каде Чачанци ги пречекале градските власти, кои вееле партиски знамиња, но и знамиња на Србија. Кога пристигнале новите координатори на СНС во Чачак, Бобан Бирманчевиќ и Владимир Мичиќ, јајца полетале кон просториите на СНС. Сепак, протестот се завршил без поголеми инциденти.

Во 11 часот и 52 минути и на двете места се одржа 15-минутен молк, а новинарите велат дека изненадувачки е бројот на насобраните со оглед на тоа што и претходните денови во овие градови имаше големи собири. Петнаесет минутен молк имаше и на попладневните протести.

Насобраните носеа транспаренти „Сите на штрајк“, „Апсолутна власт – апсолутна одговорност“, „Слушаме бајки – хорор живееме“, „Не прифаќаме“, „Ќе ги повикам децата“, „Децата дојдоа“, „Заѕвони ѕвончето“, „Што треба уште да се случи за да разбереш каде си“, „Па кој ме лаже и краде“, со фотографија од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Дополнително, според видеото кое го објавија студенти и организирани групи на граѓани, протестен собир денеска се случува и во Бор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lazar Dinić (@lazzard_)