Министерството за транспорт информираше дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат две нови авиолинии. Оттаму посочија дека ќе се воведат летови на релација од Скопје до Женева и од Скопје до Париз, односно до аеродромот „Орли“.
Двете дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, соопштија од ресорното министерство, од каде додаваат дека ќе ги оперира авиокомпанијата „Изиџет“ со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје-Женева од 3 ноември, оваа година.
„Овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување на нови авиолинии. Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот. Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации кои ги обезбеди Министерството за транспорт“, велат оттаму.