Српските студенти ги повикаа граѓаните на генерален штрајк во петок

Студентите во блокада најавија генерален штрајк за петок (утре) и ги повикаа сите граѓани на Србија целосно да ги прекинат активностите, пренесува Нова.

На официјалната страница на Инстаграм профилот „Студенти на Технолошко-металуршкиот факултет“ е објавено што се подразбира под генерален штрајк и како во него можат да учествуваат граѓаните, а потоа објаснуваат како можат да учествуваат и работодавачите. Дополнително, таму има и насоки како граѓаните можат колективно да се придружат на штрајкот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TMF PROREAGOVAO (@tmf.blokada)

Студентите потсетија и на нивните барања – објавување на комплетната документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, отфрлање на кривичните пријави против студентите кои се уапсени и приведени на протестите, како и запирање на кривичните постапки, процесирање на лицата одговорни за нападот на студентите и професорите, како и нивно разрешување доколку се утврди дека се на јавни функции, како и зголемување на буџетот за високо образование за 20 отсто.

„Не одиме на работа, не одиме на часови, не ги извршуваме секојдневните работи. Да ја земеме слободата во свои раце! Вашето учество прави разлика. Под терминот „генерален штрајк“ овде се мисли на општа граѓанска непослушност“, велат студентите.

Инаку, бројот на градови во Србија во кои барем еднаш се одржани некакви протестни акции поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, досега се искачи на најмалку 103, информираа од иницијативата Архив на јавни собири.

Архив на јавни собири во Србија: Протести досега во повеќе од 100 градови