Уругвај официјално ја легализира марихуаната

Уругвај официјално ја легализира марихуаната

Уругвај стана првата земја која целосно ја легализираше марихуаната. Горниот дом на парламентт на оваа земја со 16 гласа „за“ и 13 „против“ го изгласа  законот, предложен од претседателот Хосе Мухика, со кој се дозволува растењето, купувањето и продажбата на канабис. Владата се обидува да ја регулира продажбата на марихуана во обид го загрози црниот бизнис и да го спречи финансирањето на криминалните картели.

Во Уругвај ќе бидат отворени лиценцирани аптеки, во кои секој полнолетен граѓанин ќе може да купи најмногу 40 грама марихуана месечно. Дополнително, се дозволува одгледување на најмногу 6 растенија во домашни услови. Сите купувачи и одгледувачи ќе бидат регистрирани во посебна база на податоци, преку која владата ќе ги следи нивните купопродажби.

Приврзаници на легализацијата ја слават одлуката на Сенатот. Според анкетите, мислењата во земјата околу ова се уште се поделени – над 50% од граѓаните и натаму се противат на законот.

Легализацијата, најслободна во која било земја во светот досега, се смета за пионерски експеримент кој внимателно ќе биде следен од страна на другите земји во кои се дебатира за легализација на лесните дроги. Законот ќе стапи на сила за 120 дена, а со него е предвидена и можност за формирање посебни клубови за пушење, со 15 до 45 членови, кои ќе можат да пораснат до 99 стебла марихуана годишно.

Канабисот е најкористената дрога во светот по алкохолот, а во изминатите години, многу земји го декриминализираа. Освен Холандија, каде е дозволено купување и одгледување, и американските држави Колорадо и Вашингтон изгласаа закони со кои се дозволува рекреативно користење марихуана.

Извор