На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина…
[Видео+Галерија] „Сакаме правда“ – стотици граѓани на протестен марш побараа правда за смртта на 22-годишната Фросина
Бројни граѓани оставија траги од „крвави дланки“ кај Основниот кривичен суд во Скопје, на протестот на кој се бараше правда за трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова која пред неколку дена беше прегазена на булеварот „Партизански Одреди“.
[Интервју] Унковски: Во 36 дена снимање на „Диџеј Ахмет“ се осетив како да сум завршил четири години факултет
Во киносали во Јута изминатата недела се слушаше турски јазик, на дијалект кој Јуруците во радовишкиот регион го зборуваат. Посетителите на реномираниот филмски фестивал „Санденс“ ја следеа приказната на Ахмет, 15-годишно дете од македонското село Али Коч, кој сака да стане диџеј, истовремено справувјаќи се очекувањата од семејството и со својата прва љубов.
Станува збор за „Диџеј Ахмет“, дебитантскиот долгометражен филм на режисерот и сценарист Георги М. Унковски. Пет години откако Унковски го напишал првичното сценарио, по долг и напорен процес на финасисрање и снимање, филмот го виде светлото на денот на неговата премиера на „Санденс“, каде има шест проекции, а Унковски се надева дека во следните месеци ќе ја има и својата македонска премиера.
Куп реакции за Нацрт концепцијата за гимназиско образование
Професори, институти и здруженија реагираа за Нацрт концепцијата за реформи во гимназиско образование. Вниманието главно беше свртено кон предметите Филозофија, Логика и Етика, откако Бирото за развој на образованието (БРО) и Министерството за образование и наука (МОН) ја отворија и ставија Концепцијата на јавен увид до 1 февруари.
Уметничка герила акција посветена на заштитата на лични податоци – „Покриен газ никој не го плука“
Минувачите на улицата „Македонија“ во главниот град налетаа на уметничка герила акција. Таа се состоеше од испружени алишта, на кои имаше пораки поврзани со заштитата на лични податоци – на крпа пишуваше „Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци“, на маица имаше нечија лична карта, а можеби најпроминентен дел од акцијата беше огромен пар гаќи на кој пишува „Покриен газ никој не го плука“.
Уметничка герила акција посветена на заштитата на лични податоци – „Покриен газ никој не го плука“
Речиси за половина паднал прометот на осум големи ланци маркетите за време на бојкотот
Речиси за половина бил намален прометот на осум најголеми ланци маркети за време на еднодневниот бојкот, кој беше најавен на социјалните мрежи.
Прометот на осумте најголеми трговски ланци во петокот до полноќ, изнесувал 114,293,367 денари, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП). За разлика од денот на бојкотот, во четвртокот, во GPRS системот на УЈП бил регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари.
Речиси за половина паднал прометот на осум големи ланци маркетите за време на бојкотот