Pondskull и Modem Priest на 8 февруари во „Ла Кања“

Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ на 8 февруари, сабота, од 21 часот ќе настапува Pondskull, a потоа и Modem Priest.

Како што стои во најавата, музиката на Pondskull е комбинација од пауер ноиз, футворк, драм ен бејс и техно.

Mоdem Priest ќе затвори со диџејски сет без жанровски ограничувања во рамки на електронската музика.