Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во недела на раскрсницата кај Зоолошката градина во Скопје

Групата „Кој е следен?“ најави уличен форум насловен „Зошто нашите градови се небезбедни?“ кој ќе се одржи во недела напладне, на раскрсницата пред Зоолошката градина во Скопје која ќе ја затворат за сообраќај.

„Нашите градови се небезбедни! Тоа мора да се промени. На уличниот форум ги собираме сите идеи и предлози за посигурни улици – од железнички градски превоз во Скопје, до урбанистички промени за подобрување на сообраќајната култура. Со затворање на раскрсницата пред Зоолошката градина, се обединуваме со пошироката и стручна јавност и испраќаме недвосмислена порака – безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност“, велат од „Кој е следен?“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @koj_e_sleden

Оттаму додаваат дека постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор, додавајќи дека е време сите заедно да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во домовите и на улиците каде што живееме, работиме и се движиме секојдневно.

За во недела е најавен и протестен марш во Неготино за правда за 22-годишната Фросина.

Веќе уште еден протест во Скопје е најавен за на 16 февруари (недела), но организаторите посочија дека повеќе детали ќе објават во наредните денови.