„Такси конзилиум“ на 12 февруари во „Олд скул“

Македонските превозничко-разбојнички џезери „Такси конзилиум“ на 12 февруари од 21 часот ќе одржат целовечерен концерт во култното скопско прифатилиште за ноќни птици – „Олд скул“

„Ќе се изведуваат исклучиво само нови композиции. Новиот албум е напишан и, пред да се сними, мора малку да се испоти пред луѓе. Досегашните хитови и нивните комплементарни еротско-сугестивни балади: Нема да бидат изведени“, стои во најавата.

„Такси конзилиум“ се Благојче Томевски – бас кларинет и Bb кларинет, потоа Филип Букршлиев на гитара, Андреа Мирческа на контрабас и Драган Теодосиев на тапани.

Влез за свирката е 100 денари.