Загадување на реката Црн Дрим: Недостатокот на дејствија од институциите закана за екосистемот и здравјето на жителите

Реката Црн Дрим и нејзините притоки во Македонија се соочуваат со бројни проблеми, почнувајќи од хемиското загадување па се до создавањето на депонии околу коритото на реката, за кои граѓаните сметаат дека може да им наштетат на нивното здравје. Но, и покрај тоа што граѓаните се жалат на овие проблеми, институциите се фалат дека квалитетот на водата е добар и дека работат во оваа насока, пишува Порталб.мк.

Црн Дрим извира од Охридското Езеро и има една вкупна должина од 149 километри, а во Македонија реката е долга 56 километри.

Од Охрид патува до Струга и понатаму продолжува во Дебар, од таму преминува на територијата на Република Албанија, каде потоа се соединува на Бел Дрим, формирајќи една единствена река Дрим која се влева во Јадранското Море.

Во РСМ течението на реката е прекинато со две вештачки езера (Дебарското Езеро и Глобочица), кои служат за производство на електрична енергија. Но, во своето течение реката се соочува со бројни проблеми.

Граѓаните во мака: Загадувањето влијае врз нашите животи

Порталб.мк лани во ноември разговарало со граѓаните за загадувањето на реката Црн Дрим и какво влијание има тоа врз нивните животи. Реката, како што велат граѓаните, е важен извор на вода за пиење, се користи за наводнување на земјоделските површини, а важна е и за рекреација и туризам.

Меѓутоа, според нив, оваа река има многу проблеми со загадувањето, кое велат дека влијае на нивното здравје и предизвикува непријатна миризба низ целата околина.

Граѓаните велат дека реката ја загадуваат и фабриките кои испуштаат штетни материи во реката. Водите на Црн Дрим се живеалиште на голем број на риби како крап, пастрмка, јагули и други. Но, поради загадувањето, граѓаните велат дека популацијата на риби и други животински видови е во опаѓање, а вегетацијата покрај бреговите на реката е оштетена или уништена.

Според нив, проблематични се дивите депонии во близина на реката, кои ги ствараат локалните жители и бизнисите или компаниите, кои не се грижат за природата и реката.

„Главниот индиректен загадувач на реката Црн Дрим е градската депонија, станува збор за една дива депонија која се наоѓа многу блиску до течението на реката. А и загадувањето од езерото се влева во реката. Загадувањето кое доаѓа од езерото невозможно е да се контролира“, вели една жителка на Струга.

За решавање на овој проблем тие предлагаат: Поголема вклученост на властите, повисоки казни за загадувачите и подобро управување со отпадот. Граѓаните се поделени по ова прашање, едни велат дека слушнале за инвестиции во пречистителни станици од фондовите на ЕУ во овој регион, а други немаат никакви информации околу ова.

Целиот текст на  Порталб.мк.