Барања за слободен пристап до информаци и по електронски пат

Со цел да се олесни пристапот до информации кои ги имаат институциите, но и да се охрабрат граѓаните да прашуваат, промовирана е новата бесплатната е-платформа за испраќање барања за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Барања за пристап до јавни информациитеСајтот „слободен пристап“ дозволува барањата со институците да се праќаат електронски , со тоа што граѓаните само го поставуваат прашањето и ja бираат институција до која е адресирано,  додека системот потоа се грижи за испраќањето, но и ги потсетува институциите дека треба да одговорат во законскиот рок од 30 дена.

„Самиот веб сајт ќе биде и архива на веќе поднесени барања за слободен пристап до информации,  односно покрај тоа што имателите ќе имаат многу повеќе барања во иднина, во исто време може да дојде до намалување на бројот на поднесени барања, бидејќи ќе има веб сајт кој ќе ги архивира добиените одговори. Платформата, освен што ќе го поттикне  користењето на овој закон за слободен пристап до информации, на некој начин исто така ќе помогне да функционира целиот тој систем“, појаснува Елена Игнатова од Метамофозис.

Како проблем при користењето на овој веб сајт е тоа што не инсистира на ставање електронски потпис, кој пак институциите може да го побараат за да дадат одговор на плашањето. Токму електронскиот потпис, смета Данче Даниловска од Фондацијата Отворено општество Македонија, е пречката поради која ова право не се користи преку интернет.

„Свесни сме дека електронскиот потпис чини пари, граѓаните го немаат, но заради тоа платформата треба да наиде на позитивна реакција од страна на имателите на информации. Почитуван е законот и во делот на тоа што Комисијата ја составува листата на иматели. Ќе остане наша обврска , како Комисијата ќе ги ажурира овие иматели, така ние да најдеме модус, како да бидат сменети мејловите на службените лица кои ќе ги примаат овие пораки, “ вели Даниловска.

Интернет сајтотот дава можност за испраќање барања преку правото за слободен пристап до инфрмации на адреса на 800 институции, иако нивната бројка е поголема од 1100. Листата не е целосна, објаснува Даниловска, поради тоа што дел од институциите сеуште немаат валидни е-мејл адреси.

Според неодамнешното истражување на ФООМ, дури 60 проценти од граѓаните не знаат дека имаат право да ги прашуваат институциите и дека според законот дека треба да добијат одговори. Според истражувањето, само 17 отсто од граѓаните кои го знаат ова право, побарале информации од институциите.

Додека половина од граѓаните се изјасниле дека сакаат податоците да ги добијат лично, другата половина истакнале дека идеално би било да ги добијат по е-мејл или да бидат поставени на веб страницата на институцијата.

Ј.Ј.