[Инфографик] Минатата година регистрирани 1.260.425 туристи во Македонија

Минатата година во Македонија биле регистрирани 1.260.425 туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на туристи лани се зголемил за 91.695 во споредба со 2023 година.

Во 2024 година, ДЗС регистрирала 830.179 странски и 430.246 домашни туристи.

Најмалку, односно 44.224 туристи, домашни и странски, биле регистрирани во февруари, а најдобар месец за туризмот во Македонија бил август, кога биле регистрирани 232.576 туристи.

Странските туристи најмногу го посетувале Скопје, по што следуваат езерските и другите места. Тие ги посетувале и планински места, а во најмал број бањските места.

Домашните пак, најмногу оделе на езерските места, по што следуваат планинските места, Скопје, другите места, а најмалку исто така се регистрирани на бањските места.

Погледнете повеќе во инфографикот на Радио МОФ.

Мартин Колоски