Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи

Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници соопшти дека, по повод 21 февруари, Светскиот ден на туристички водичи, утре, сабота 22 февруари, ќе организира бесплатен разглед на Скопје и Битола.

Од таму велат дека бесплатниот разглед на градот Скопје ќе се реализира со почеток во 12 и во 13 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза.

Во Битола, пак, разгледот на градот ќе се организира од 11 часот пред Музејот и 12 часот кај Саат кулата.

Од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници велат дека може да присуствуваат сите граѓани кои се заинтересирани и сакаат да сознаат за културно-историските знаменитости на Скопје и Битола.