На скопскиот аеродром слета првиот авион на „Трансавија“ од Амстердам

Синоќа на скопскиот аеродром слета првиот авион на компанијата „Трансавија“ од Амстердам и по 12 години, Скопје и Амстердам се повторно поврзани по воздушен пат.

Како што соопштија од скопскиот аеродром, втората по големина нискобуџетна авиокомпанија во Холандија „Трансавија“, сега ќе лета на релација Амстердам – Скопје – Амстердам два пати неделно, секој четврток и недела.

„Денес одбележуваме значајна пресвртница за ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП. Оваа нова рута не е само за проширување на нашата мрежа, туку и за проширување на можностите за македонските граѓани. Со оглед на тоа што Амстердам е една од најживописните дестинации во Европа, овој лет ќе ги приближи патниците до светските историски атракции и уметнички колекции, но и ќе им овозможи на туристите да ја искусат убавината на Македонија“, изјави генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт.

Детали за летовите се достапни на следниов ЛИНК.