Во „Лабораториум“ утре (четврток, 6 март) од 21 часот ќе се одржи концерт на „marumaru“ – дуото Ади Имери и Александар Бошков, а исто така ќе настапи и соло-гитаристката и композиторкa Јоана Ристеска.
„’marumaru’ носат звучен свет каде гитарата и електрониката стануваат едно, додека Јоана вечерта ја отвора со слоевити, хипнотични гитарски експлорации што се движат низ амбиент, шугејз и експериментален рок“, се вели во најавата за настанот.
Свирката треба да почне после 21 часот, а билетите се достапни на шанкот во „Lab Café“.
„Доаѓајте рано, нека ни е гласно, нека ни е магично“, стои во најавата.