Сите (огно)отпорнички, грешници, црвени каранфили, црни птици и ретки ѕверки, ве чекаме на 8 Март од 19 часот, се вели во повикот на кафе-книжарницата „Бејкер стрит“.
„Откако ќе измарширате, долетајте, а поетската напивка од бес, бунт и борба ќе ви ја подготват: Марија Ангеловска, Филипа Сара Попова, Ивана Јовановска, Емануела Ковачевска Китановска, Викторија Ангеловска, Милена Сиљаноска. И модераторот: Андреј Ал-Асади“, стои во повикот.
На настанот ќе се чита во три круга. Во првите два круга по 3 свои песни, а во третиот круг по 2 песни од омилени македонски поетеси.
„Не слушајте ја упорноста на црнотијата и дојдете околу палавиот оган. Не грижете се да се доближите премногу. Жена што гори не може самата никогаш да се изгори! Се гледаме!“, се вели во повикот за настанот во „Бејкер стрит“.