Студентите од Нови Сад во блокада повикаа на генерален штрајк во Србија за утре (7 март), пренесе Данас.
Студентите ги повикуваат граѓаните да земат слободен ден или боледување, да ја прекинат работата заедно со колегите, да не купуваат во продавници, да не користат угостителски услуги, јавен превоз и тој ден да не одат во кино и театри. Оваа акција беше изгласана на универзитетскиот пленум во Нови Сад, а беше поддржана и од студенти од другите делови на земјата.
Идејата, велат тие, е да се повтори 24-ти јануари, кога се случи првиот генерален штрајк кој беше оценет како успешен. Студентите најавија дека во иднина ќе повикуваат на почести генерални штрајкови низ земјата.
На првиот генерален штрајк се одзваа голем број приватни компании и служби од јавниот сектор ширум Србија.
Во Србија се одржува генерален штрајк инициран од студентите