На Иво Ивановски не му се зборува за ИТ-секторот на Твитер

Министерот за информатичко општество и јавна администрација Иво Ивановски денеска на Твитер се пожали дека е заглавен на аеродромот во Истанбул, на пат за Лондон. На ова, тој доби понуда од порталот It.com.mk за Твитер-интервју околу состојбите на ИТ сцената во Македонија. Министерот тоа го одбива (на не баш правилен англиски јазик), со одговор: „Јас работам на проблемите, не разговарам. Ќе ви го оставам допишувањето вам, во тоа сте добри“.

Погледнете ја оваа преписка:

На Иво Ивановски не му се зборува за ИТ секторот на Твитер

 

 

Извор: It.com.mk (FB)