Студенти од сите делови на Србија, вклучувајќи ги Крагуевац, Ниш, Трстеник, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак, Љиг, денеска го продолжуваат својот пат, пеш или со велосипед до Белград, каде ќе присуствуваат на големиот протест закажан за 15 март, пренесе Н1.
Според информациите од редарите кои го обезбедуваат маршот, околу 2.000 студенти се пријавиле да пешачат од Нови Сад до Белград. Студентите наведуваат и дека е пракса во текот на маршот да им се придружуваат и мештаните од населбите низ кои минуваат.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Во меѓувреме, студентите кои тргнаа од Ниш утринава продолжија за Белград од Смедерево каде што ја поминаа ноќта, а денеска треба да поминат 44 километри.
Истовремено, патот го продолжуваат и студентите и матурантите кои пеш тргнаа од Вршац, откако ноќта ја поминаа во Банатски Карловац.
Студентите во блокада објавија дека протестот во сабота ќе се одржи пред Народното Собрание на Србија, пренесува Данас. Во видеото објавено на Инстаграм профилот Студенти во блокада, најпрвин може да се види натписот „Сите во Белград 15.3“, а потоа и кадар од автобус на јавен превоз каде пишува „Следна станица е Народното собрание“.
View this post on Instagram
Владините претставници предвидуваат „големо насилство“ во сабота, а студентите во блокада порачуваат дека тоа е момент кога „Србија мора да биде во Белград, на најмасовниот собир досега“, истакнувајќи дека не се насилни, ниту повикуваат на насилство, пренесува Радио Слободна Европа.
Студентите кои од декември ги блокираа државните универзитети, со месеци водат мирни протести низ државата. Тие првенствено бараат одговорност за смртта на 15-те луѓе кои загинаа при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.