Саемот на независни издавачи „ФИЈУК Саем“ утре (сабота, 15 март) од 14 часот ќе се одржува во Студентскиот културен центар (СКЦ во Домот „Кузман Јосифовски – Питу“) во Скопје.
„Внимание, внимание скопска публико!Прво ФИЈУК Саем, па потоа п(р)олет. Домаќински го разголуваме првиот Фијук во Скопје за оваа година. Озбилен крем де ла крем. Кој до која, мој до моја, кој која ако не свој своја. Графики, фотографии, колажи, книги, фанзини, цртежи, илустрации! СКЦ е местото на кое треба да бидете присутни за да си измиете очите, за да си отворите душите! Нѐ пропуштајте да видите што е ново на сцената! Критиката од небо нѐ паѓа, туку низ ФИЈУК се раѓа!“, велат иницијаторите – „Партизанска штампа“ и „БОШ Фестивал“.
За програмата, пренесуваме интегрално како што пишаа иницијаторите:
„Ех да имам ко што немам да ти купам кревет“ – Џики колажи со белградската кралица на колажите Милена Јаношевиќ.
„Џики Колажи“ се креативни работилници што ги организира Милена Џики Јаношевиќ од 2016 година. Тоа не се класични уметнички настани, туку дружби каде што луѓето рециклираат стари списанија, сечат, лепат и создаваат уникатни колажи – без разлика дали имаат уметничко искуство или не. Поентата е да се дружиш под изговор за уметност или да правиш уметност под изговор за дружење!
Изложба на цртежи на Симеон Анѓелкоски
Изложбата „Liminal2Trash“ го истражува процесот на промена, прифаќањето на грешките и нивната улога во креативниот израз. Почнувајќи од концептот на лиминални простори – оние неодредени, преодни моменти – Симеон Ангелковски го прикажува постепениот премин кон „треш“ естетика, каде што хаосот и несовршеноста стануваат составен дел од уметноста. Насловот симболизира дека секоја грешка е можност за трансформација, а создавањето е постојан премин од едно во друго.
Музики на Радио 103 @kanal103
Промоција на „Последни песни за љубовта“ на Емил Алексиев во издаваштво на Арт Еквилибирум и концерт на прекрасната Ема Ананиевска @ema_ananievska со почеток во 21ч.
За сите со добра кондиција ќе има и афтер во Ла Кања, настап во живо на авангардниот музички состав „Истерувачи на публика“ на Тома, Нора и Пеџа со почеток во 23ч.
Дизајн на плакат: Илијевска Дона.
Излагачи: Арт Еквилибриум, Мртов коњ, Кула, Партизанска штампа, Longest Night, Матријаршија, Сали Ертунч, Матеј Богдановски, Јелена Белиќ, Ефиминпечат, Аксиома, Флип Бук, Владимир Лукаш, Спознавање, Boiling Point, Емилија Трајковска, Пондер, Симеон Анѓелкоски, Shock Troopers, Искра, Sharla, Наташа Гелева, Mi Film, Murat Kalkavan , Илика, Gosi Etc, Гринсен.