„30 години No Name Nation“ – Концертна промоција на новиот албум утре во МКЦ

Панк бендот „No Name Nation“ утре од 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје ќе одбележи 30 години постоење со концертна промоција на новиот албум.

„Иако бендот е формиран 1994, во 1995 година го менува името од ‘Инфекција’ во ‘No Name Nation’ и како таков оваа година го славиме јубилејот 30 години од формирање и секако тоа сакаме да го прославиме во нашето децениско пребивалиште МКЦ, на 15 март оваа година со концерт и промоција на новиот трет албум“, стои во најавата за настанот.

Концертот е поддржан од Министерство за култура и туризам.