[Видео] Студентите прогласија крај на протестот во Белград по инцидент кај Пионерскиот парк

Во Белград денеска се одржа масовен протест, поттикнат од трагедијата во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Граѓаните кои учествуваа на протест полека почнаа да заминуваат од плоштадот Славија откако беше објавено дека студентите го сметаат протестот за завршен, пренесе Ал Џазира Балканс.

Централниот собир беше кај Народното собрание во 16 часот, но собирот се прошири и на плоштадот Славија каде студентите одржаа говори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragan Tošić (@dragantosicc)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kreni- Promeni (@kreni.promeni)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by N1 Srbija (@n1srbija_)

По инцидентите кои се случија по 19 часот, студентските редари ги тргнаа ознаките и елеците и објавија дека го сметаат протестот за завршен, и порачаа дека што се случува потоа на улиците не е нивен протест. Студентите во блокада преку социјалните мрежи соопштија дека од правец на Пионерскиот парк биле фрлени флаши и камења и дека студентскиот протест завршува, апелирајќи граѓаните безбедно да се повлечат.

Истовремено, претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ ги отфли обвинувањата дека инцидентите за време на протестот пред Народното собрание ги извршил некој од собраните во кампот во Пионерскиот парк, туку дека „екстремистите“ ги нападнале и студентите во блокада и студентите во паркот, пренесе Радио Слободна Европа.

Од Министерството за внатрешни работи вечерва соопштија дека на неколку локации во центарот на Белград имало инциденти и тепачки меѓу дел од учесниците на протестот, кои, како што велат, во повеќе наврати ги нападнале полицајците обидувајќи се да ги спречат во работата.

Студентите претходно повикаа на мирен и достоинствен собир и посочија дека нема да дозволат протестите да ги одбележат инциденти, најостро осудувајќи секаков облик на насилство.

Студентите од 22 ноември блокираа повеќе од 60 факултети барајќи политичка и кривична одговорност за несреќата на железничката станица, борба против корупцијата и општество во кое институциите ќе работат ослободени од политички притисок и влијание.

[Видео] Започна масовниот протест во Белград