Досега има 118 луѓе згрижени низ болниците во државата, односно во Кочани, Штип и Скопје, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција по трагедијата во Кочани.
Тој посочи дека нема пациент што не е тријажиран и хоспитализиран низ болниците во државата.
„Сите наши капацитети се ставени во функција и се надевам ќе дадеме максимум од себе за да спасиме што повеќе животи на децата на кои што им се случила трагедијата“, рече Таравари.
Истовремено, одговарајќи на новинарско прашање, Таравари посочи дека има доволно количини крвни единици, и посочи дека доколку има потреба од крвни деривати дека ќе биде соопштено на јавноста.