Црвен крст на Македонија информираше дека со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции, дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани, каде починаа најмалку 51 лице, а над 100 се повредени пренесени низ болниците во Штип, Кочани и Скопје.
„Нашата Организација ги стави во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош и материјална поддршка. Црвениот крст на РСМ достави и помош во болницата во Кочани со ќебиња, постелнина и инвалидски колички. Возилата на Црвениот крст од програмата за санитетски транспорт се ставени во функција на институциите на системот“, се вели во соопштението.
Од таму информираат дека се отворени наменски телефонски линии за прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје, коои ќе бидат во функција 24/7.
„Црвениот крст на РСМ веќе е контактиран од Меѓународниот комитет на Црвен крст и партнерски национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и понудена е помош“, соопштија од Црвен крст.
Повикаа и на хуманост и солидарност за обезбедување помош на настраданите семејства, за што ги оставија и следните информации:
Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228