Коцевски: Формиран е тим од пет јавни обвинители за трагедијата во Кочани

Формиран е тим од пет јавни обвинители, со тоа што двајца јавни обвинители се од ОЈО Скопје, еден јавен обвинител од ОЈО Штип и двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, соопшти државниот обвинител Љупчо Коцевски на прес-конференција.

Тој посочи дека тимот има раководител и дека дел од обвинители се на терен, а другиот дел издаваат наредби за одредени процесни дејства.

„Во текот на денот ќе се врши увид и ќе се преземаат сите дејствија околу евентуалните сторители, односно прибирање докази да видиме кои се пропусти и како настанала дел од несреќата“, рече Коцевски.

Исто така, тој посочи дека во моментов тројца јавни обвинители вршат увид на лице место и ги прибираат сите потребни докази.

Државниот обвинител најави повеќе информации во текот на денот и вети брза и темелна истрага.