Сместување во дом и училиште во скопска Гази Баба за семејствата на повредените од Кочани

Семејствата на повредените деца од пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Скопје, ќе можат да се сместат во капацитетите на училиштето „Партенија Зографски“ и студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ во скопската општина Гази Баба, пренесува агенцијата Мета.мк.

Од таму денеска информираа дека сите граѓани кои имаат потреба од престој и храна можат да се обратат кај Игор Петрески, претставник на „Партенија Зографски“ на бројот  075430106, кај директорот на студенскиот дом Иван Симоновски на 078292582 и кај Перица Пешевски од општината Гази Баба на 075336338.

За семејствата ќе биде обезбедена и храна и вода кои ќе бидат доставени пред болниците во Скопје.