Ред Бул Медиа Хаус во соработка со MSP Филм, го претстави официјалниот трејлер за „Деновите на мојата младост”.
Станува збор за новиот ски – филм во кој се вклучени спортисти како Ричард Пермин, Марк Aбама, Боби Браун, Џејмс Хајм, Коди Таунсенд, П.К. Хандер, Рас Хеншоу, Мишел Паркер, Гас Кенворти, Маркус Едер, Сем Aнтаматан и други.
Филмот ќе биде објавен есента, 2014 година, но и самиот трејлер е приказна сама за себе.