Хуманитарна изведба на „Ние, луѓето“ на 9 април во Драмски театар

Во Драмскиот театар во Скопје, на 9 април со почеток од 20 часот, Театар Пи хуманитарно ќе ја изигра претставата „Ние, луѓето“ во чест на настраданите и повредните во националната трагедија во Кочани. Приходот од продажбата на билети ќе биде уплатен на хуманитарна сметка за донации.

„Следната светска војна веќе е во тек, авион се урива на непознат остров, при што група деца остануваат одделени од другиот дел од светот. Слободни се, слават далеку од цивилизацијата, можат да прават буквално што сакаат. Се обидуваат да создадат сопствено општество, но дали ќе успеат во тоа“, стои ви најавата за претставата.

„Ние, Луѓето“ е претстава која се обидува да ни ја престави иднината доколку би имале шанса за чист, нов почеток. Престава за моралот, пародија, политички трактат и слатко горка визија за апокалипсата изиграна од деца.

Драматизација е работена по текстови на Јордан Радичков, Вилијам Голдинг, како и лични авторски текстови. Во претставата учествуваат лица со типичен и атипичен развој од ЦПЛИП Порака Скопје. Финансирана е со средства од Бугарската развојна помош.

Инаку, „Ние, луѓето“ како мултимедијален концепт почна од 2023 година, кога Театар Пи започна со истоимената кампања за поголемо вклучување на лицата со интелектуална попреченост во културата и и општествениот живот.

Златко Митрески, Театар Пи: Театарот е алатка што дозволува да се изразат лицата со (а)типичен развој