Работилница за пантомима и уличен театар од 8 до 14 април

Здружението на граѓани Тим Театрос К Скопје, во соработка со „ЕУ за тебе“ за прв пат организира едукативна работилница за пантомима и уличен театар, каде најголем акцент ќе се стави на настапот на уличните живи статуи.

Работилницата ќе се одржи од 8 до 14 април, со почеток од 17 часот, во просториите на ООУ „11 Октомври“ – Скопје.

Учесниците од работилницата ќе имаат можност да бидат видени по повод Светскиот ден на уметноста.

Сите заинтересирани за учество на работилницата може да се пријават на: timteatrosk@gmail.com