Три најсподелувани твитови во 2013!

Трите најсподелувани твитови за 2013!И оваа година се објави листа на најчесто споделуваните, годинава главно напишани од „ѕвездите“, а ретвитани повеќе од 350 000 пати. Два од најсподелуваните твитови за 2013 година се однесуваат за млади ѕвезди кои прерано го загубија животот.

Насподелуваниот твит беше пратен од актерката Леа Мишел , кој го искористи Твитер за да го прекине молкот по смртта на нејзиното момче Кори Монтеит . Мишел на Твитер ја остави оваа  порака: „Ви благодарам на сите што ми помогнавте со вашата огромна љубов и поддршка. Кори засекогаш ќе биде во моето срце “.

На врвот се најде и твитот за актерот Пол Вокер. Пораката, иронично води кон неговата Фејсбук страница, а ја потврдува смртта на ѕвездата од „Брзи и бесни“. Има над 400 000 ретвитови.

Третиот најмногу споделуван твит е на членот на „One Direction“ – Niall Horan. Тој пишува дека наполнил 20 години, а неговите фанови ова го споделуваат стотици илјади пати.

Сепак, ниту еден од овие твитови не може по бројност да се спореди со минатогодишниот победник за време на победата на претсетателот Барак Обама, кога тој доби уште еден мандат.

Извор