Блокадата на Радио телевизија Србија влезе во трет ден. Студентите бараат нов конкурс за членови на Советот на Регулаторно тело за електронски медиуми (РЕМ) или затворање на јавните медиумски сервиси. Студентите од Белград испратија писмо до Комитетот за култура и информирање во кое ги информираат дека блокадата и протестот пред РТС ќе траат се додека Комитетот не објави Јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ, информира Н1.
Додека блокадата на РТС продолжува, студенти велосипедисти во Стразбур се обидуваат да го свртат вниманието на институциите на ЕУ на ситуацијата во Србија.
Во Краљево, пак, вчера се одржа студентски протест „Пумпај, пумпај Ибарска вода“ на кој според податоците од Архивата на јавни собири се собрале околу 15.000 луѓе.
Студентите во блокада вчера најавија дека дел од нив ќе трчаат штафетна трка од Нови Сад до Брисел, каде во мај ќе се одржи седница на Европскиот парламент, а на дневен ред ќе се расправа за ситуацијата во Србија.
View this post on Instagram