[Видео] Автомобил влече коњ насред булевар во Скопје

Автомобил со јаже влече коњ закачен за багажникот насред скопски булевар, се гледа на снимката која денеска пристигна до редакцијата на Радио МОФ. Снимката е од Илина Пановска, студентка на Факултетот за ветеринарна медицина (ФВМ), која вели дека вознемирувачка глетка ја начекала денеска (17 април), околу 13 часот на улицата „16-та Македонска Бригада“ покрај ФВМ.

„Како студент на ФВМ, кога ќе видам нехумано и неетичко третирање на било кое животно и тоа веднаш после мојата настава, чувствувам голем револт кон нашите сограѓани на ова убаво Скопје и убава Македонија, каде секој ден лица како ова на видеото во прилог, не’ уништуваат, деградираат и понижуваат како нација“, вели Пановска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

Студентката се повикува на Брошурата за заштита и благосостојба на животните за време на превоз, но и Законот за заштита и благосостојба на животните, според кој, вели таа, превозниците кои вршат превоз на кратки и долги патувања и превозните средства за долги патувања треба да бидат одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Воедно, лицата кои постапуваат со животните треба да имаат вештини и знаења од областа на заштита и благосостојба за време на превоз и да ги извршуват своите обврски без употреба на сила или кој било друг метод со кој се предизвикува непотребно страв, болка, страдање или повреда на животните.

„Како што можете да видите, граѓанин како мене, а и верувам и вие, лесно можете да дојде до ваква јавна информација само ако однапред помислите за здравствената состојба на животното кое го транспортирате, своите постапки во однос на како ќе биде извршен транспортот, како и одземање на животното (кое претпоставувам на сограѓанинот му е во корист, и му е од некаква материјална потреба)“, истакнува идната докторка по ветеринарна медицина.