Министерството за внатрешни работи информира дека од СВР Скопје го утврдиле возачот на автомобилот за кој вчера, 17 април, Радио МОФ објави дека влече коњ врзан за куката низ улиците на Скопје.
„Во врска со видеото кое вчера беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа како лице кое управува патничко возило ‘голф’ со скопски регистарски ознаки има врзано коњ за куката од возилото и така се движи низ градското подрачје, од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени мерки и активности со цел утврдување и документирање на сторител на кривично дело ‘мачење на животни’ предвидено и казниво по член 233 од Кривичниот законик“, известуваат оттаму.
Како што велат од Министерството, со возачот е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител, по чиј насоки ќе биде изготвено Известување до ОЈО Скопје со целокупниот документиран материјал, со цел понатамошно постапување.