Н1: Од каде српското „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносно информативната агенција (БИА) на својот сајт објави извештај од руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Откако е објавен текст воочени се грешки и нелогичности, поради што е отворено прашањето каде е пишуван извештајот – во Москва или во Белград, пишува Н1.

На втората страна, петтиот пасус, првата реченица, третиот збор во извештајот на руски јазик, пишува „толгљак“. Непостоечката буква „љ“ на руски создало непостоечки збор кој во српската верзија е преведен како „маса“.

„Општа карактеристика на масата: луѓе се наоѓаат на улица во слободен распоред, различна возраст се, присутни се деца. Многу прават видео запис на случувањето, разговараат меѓусебно и слободно се движат по улицата. Не се регистрирани физички притисоци од полицијата“, пишува во документот на сајтот на БИА насловен „Извештај на српски јазик“.

„Таков збор може да внесе само личност која користи српска тестатура. Ние користиме ‘ль’, но тоа се две различни букви, додека на сршски јазик оваа буква е споена“, изјави Рус за Н1.

Во истата реченица во руската верзија по непостоечкиот збор недостасуваат две точки, кои постојат во извештајот на српски. Познавачите на руски јазик приметиле дека во таа реченица проникнува уште една грешка, односно дека зборот „люди“ е ставен во погрешен падеж.

Зборот „кашошонами“ не постои во рускиот јазик, веројатно би требало „капюшонами“ (капуљачи), „какихлибо“ се пишува одвоено „каких-либо“, „направляли движение масс“ е во неправилен облик, се грешките кои се укажани од оние на кои руски им е мајчин јазик.