Обука за „Вештачка интелигенција во функција на наставата“ утре на Факултетот за образовни науки при УГД

Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип организира обука на тема „Вештачка интелигенција во функција на наставата“ утре, 23 април, со почеток во 12 часот на Факултетот.

Обуката ќе ја води Марина Василева Конел, водечки ЕдТех СТЕМ стратег од Проектот на Азиската развојна банка, од Единбург, Шкотска, Велика Британија.