Во една од училниците во Основното училиште „Караѓорѓе“ во Сараново во општина Рача, Србија, се урнал таванот, а учениците биле пратени дома и во училишната зграда нема да има настава, пренесува Н1.
Од утре наставата ќе се организира на друго место.
Како што дознава агенцијата Бета од Томислав Вељковиќ од Рача, реконструкцијата на училишната зграда во Сараново завршила пред четири месеци.
Таванот со целата реконструкција паднал за време на велигденските празници, а утринава по пристигнувањето на наставниците во училиштето учениците се пратени дома поради несигурноста на зградата.