Студентско пленумско движење ги повикува студентите и граѓаните на мирен собир за оддавање почит на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства на 25 април (петок) со почеток во 17 часот пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 17 часот и 45 минути ќе започне 62-минутен молк пред Основниот кривичен суд.
„Во сабота се навршуваат 40 дена од злосторството во Кочани. Огнот и отровниот чад во ‘Пулс’ одземаа цела генерација младост на еден град. Пролетта во него пристигна завиена во црно. Ве повикуваме на мирен собир преку кој ќе оддадеме достојна почит на врсниците кои веќе не се меѓу нас и поддршка кон нивните фамилии“, велат од Студентско пленумско движење.
View this post on Instagram
„Го повикуваме секој присутен да оддаде почит на начинот на којшто смета дека е најсоодветен (цвеќиња, мартинки, свеќи). Ве молиме собирот да остане мирен и достоен. Нема да дозволиме оваа трагедија да се заборави“, истакнуваат оттаму.