„Би сакал/а твоите фотографии да ги види целиот регион? Вон рамката. Пријави се на бесплатна менторска програма ‘Out of Frame’ во Скопје и разви го својот фотограафски стил!“, стои во повикот на Музејот на Град Скопје, кои во соработка со Центарот за развој на фотографија од Белград ги канат сите заинтересирани млади фотографи да бидат дел од регионалниот проект што ги собира експертите и фестивалските фотографии од Србија, Црна Гора и Македонија.
„Ако си млад(а) фотограф/ка од Македонија (21-35 години), амбициозен/на да развиеш своја професионална кариера во полето фотографијата, бараш квалитетно менторство, контакти и видливост-тогаш оваа програма е за тебе“, стои во повикот.
Што нуди оваа програма?
Работилниците се фокусираат на моќта на документарната и ангажирана фотографија, но ги прати и современите предизвици – од етика во ерата на вештачката интелигенција, до дигитална видливост и преглед портфолија.
Заинтересираните ги очекува:
– Интензивна менторска работа за време на 10 работилници со искусни предавачи и ментори
– Продуктивна задача на одбрана тема која им помогне да развијат кохерентен, авторски труд
– Јавно претставување на завршна мултимедијална изложба во Скопје
– Објавувања на трудови на дигитална платформа која ќе ја видат кустоси, уредници и поширока публика од целиот регион
– Менторска поддршка во професионалниот развој и подготовка на портфолија
– Можност да бидат дел од регионална мрежа на фестивали, фотографи и кустоси
– Поддршка во етичко и креативно користење на вештачката интелигенција и фотографија
– Сертификат за учество и поддршка за понатамошен професионален развој.
Оваа програма е можност за заинтересираните да:
– се стекнат со професионално искуство
– да го развијат авторскиот стил и израз
– нивната работа ќе овозможи видливост надвор од границите на Македонија
– ќе можат да се поврзат со важни актери на фотографската сцена во земјата и регионот: – фотографи, кустоси, претставници на фото-здруженија и директори на фестивали за фотографија
За кого се наменети работилниците?
Работилниците се наменети за сите кои се занимаваат со фотографија – студенти, членови на фото-клубови, самоук/а автор/ка автори/ки кои објавувале или кои до сега не објавиле свои дела.
„За учество во оваа програма е поважна сериозна мотивација и желба за професионален развој од нивото на кое сте во моментов“, велат од Музејот на Град Скопје.
Рок за пријавување е 4 мај 2025 година. Почеток на и траење на работилниците: од 12 до 30 мај 2025 година во Музеј на град Скопје.
Линк за пријавување: https://forms.gle/eHYKeCwiz27PPMsM7
„Програмата ја водат тим од реномирани експери со големо искуство со фотографијата и едукацијата“, соопштува Музејот.
Заинтересираните може да пратат на Инстаграм и Фејсбук, за повеќе информации и на project_outofframe