Група млади активисти од Тетово денеска делеа маски на случајните минувачи во центарот на градот, за да се заштитат од загадениот воздух, како и да ја кренат свеста за загадувањето во градот.
Младите на плакати напишаа пораки за почист воздух, кои ги поставија на неколку места во градот. Освен со загадениот воздух, Тетово се соочува и со проблеми со отпадот и главната депонија, која сега е преместена на нова, скандалозна локација – во непосредна близина на силоси со жито и неколку фабрики во кои се произведува храна.
Во продолжение погледнете ја фото галеријата од денешната акција против загадувањето.
Фотографии на Бобан Костадиновски.