2014 е година во која светот ќе одбележи 20 години од прераната смрт на легендарниот американски музичар и водач на групата Nirvana, Kurt Cobain. Во ноември 1993, шест месеци пред самоубиството на Cobain, Jesse Frohman бил последниот фотограф кој имал можност да направи формална фото-сесија со рок иконата.
Според зборовите на фотографот, сесијата била вистинско мачење – двајцата членови на Nirvana, Dave Grohl и Krist Novoselic дошле навреме, но Cobain доцнел со часови, пред да се појави издрогиран и во многу лоша состојба, барајќи кофа во која може да поврати. Фотографот Frohman вели дека бил лут поради ова, но дека Cobain сепак се однесувал пристојно за време на фотографирањето.