Титан и Реј, или Сатурн VI и V, најголемите сателити на планетата Сатурн беа фотографирани од леталото на американската вселенска агенција НАСА – „Касини“ на 23 декември. Боите на фотографиите се природни, стои во официјалното соопштение.
Титан, најголемиот сателит на шестата планета од Сонцето е единствениот природен сателит кој има густа атмосфера и единствениот објект близу до Земјата за кој постојат докази дека има течност на површината. Реј пак е ледено тело и деветти најголем сателит во Сончевиот систем.
Ова се постари фотографии од двата сателити :