„Има нешто апсолутно погрешно во она што го правиме со момчињата пред тие да пораснат“. „Биди маж” е нешто што многумина го слушнале, и мажи и жени“, објави порталот Upworthy.
Но дали ваквите „совети“ даваат погрешна перцепција кај младите момчиња? Трејлерот за филмот „The Mask You Live In“ (Маската во која живееш) кој треба да излезе во 2014 година, кажува многу за растењето на момчињата во САД и за стереотипите со кои тие се соочуваат.