Иако музичките сервиси на интернет како Spotify и Pandora стануваат се пополуларни, старомодните „носачи на звук“ – винил плочите се враќаат на сцената. Според последните податоци на Nielsen SoundScan, лани во Соединетите американски држави се продале близу 6 милиони винил плочи, за 31.9% повеќе отколку претходната година, кога се продадени 4.5 милиони.
Во исто време, продажбата на ЦД-а во САД се намалила за 14.5%, додека дури и дигиталната продажба на музика се намалила (за првпат во историјата, за 0.1%), поради популарноста на стримингот. Севкупната продажба на музички албуми во 2013 се намалила за 8.4%.
Продажбата на винил опадна драстично на почетокот на 90-те, во времето кога цд-та добиваа на популарност. Но, како што покажува овој графикон, плочите оттогаш „закрепнаа“, а во последните 6 години се продаваат се подобро: