Топло кафе , вкусни бисквити , неограничен WiFi интернет и сето тоа бесплатно се нуди во лондонското кафуле Ziferblat. Но затоа пак посетителите треба да си платат за престојот во локалот. Ова е првото од ваков вид кафуле во Велика Британија каде на клиентите им се наплаќа слично како кога се возат со такси, за секоја помината минута внатре во локалот сметката расте по 3 пени.
Но, времето не се одбројува со штоперица туку со обични часовници поставени во кафулето. Моделот е веќе докажан во Русија, каде синџирот Ziferblat пречекува над 30 000 клиенти месечно.
Работата на ваквиот локал е повеќе социјален експеримент. Идејата била да се создаде „простор” , каде што посетителите се третираат како станари, а не како клиенти. Понекогаш тие дури мораат и сами да си ги измијат чашите, да си направат кафе или пак појадок во кујната.