На Универзитетот на Јужна Калифорнија, професорот Behrokh Khoshnevis предводи тим од научници кој гради огромен 3д принтер, способен да изгради вистинска куќа за само 24 часа, врз основа на компјутерски поставена шема. Машината е всушност гигантски робот опремен со црево за бетон, која пополнува столбови и ѕидови чии рамки самата ги поставува.
Технологијата се вика „контурно градење“ и таа би можела од корен да го смени градежништвото – работниците во иднина би требало само да постават шини за специјалната машина, по што таа сама би ја презела градбата. Откако контурата на куќата е подготвена, работници би ги довршиле „лесните“ работи, како поставувањето на прозори и врати.
Вака изградените куќи би биле многу поевтини, а домовите оштетени во војни или природни непогоди би можеле многу полесно да се поправат. Овој проект се уште е во фаза на тестирање, а професорот Khoshnevis проценува дека технологијата нема да укине работни места во градежниот сектор, туку напротив – ќе создаде нови.
Погледнете како функционира технологијата на контурно градење: