С.А.Р.С го објави новиот албум, може да се преземе бесплатно

С.А.Р.С го објави новиот албум, може да се преземе бесплатно

Српската група С.А.Р.С (Свеже Ампутирана Рука Сатријанија) го објави својот четврти студиски албум, со наслов „Икони на поп културата“. Албумот претходно беше најавен со синглот „Дане бројим“, а групата ќе го промовира на белградскиот концерт на 28 февруари. Новиот албум на С.А.Р.С може бесплатно да се преземе од официјалната веб-страница на групата. 

Извор