Филмот „12 години ропство“ доби Златен глобус во категоријата драма, додека „Американска измама“ е наградена во категоријата мјузикл/комедија на синоќешната церемонија, со која почнува холивудската сезона на награди чиј врв ќе бидат Оскарите на 2 март.
„Американска измама“ – комедијата за измамници во 1970-тите, која ја режираше Дејвид Расел е победник на вечерта со три глобуси од седум номинации, додека филмот “Клубот на купувачите од Далас” со Метју Меконахју освои два глобуси за него и колегата, Џаред Лето.
Оние кои отидоа со празни раце се милениците на критичаритем браќата Коен со филмот “Инсајд Левин Дејвис” и Александар Пејн со „Небраска“.
Номинациите за Оскарите ќе бидат објавени во четврток и се очекува „12 години ропство“ и „Американска измама“ да се најдат на листата на 10 најдобри филмови, каде и директно ќе се судрат, за разлика од доделувањето на Златните глобуси каде беа номинирани во две одвоени категории.
Водителките Тина Феј и Ејми Фелер во интимна и поопуштена атмосфера, во споредба со војнички испланираните Оскари, вчера кажуваа шеги на сметка на најмоќните во публиката – Мерил Стрип, Леонардо Ди Каприо, Мет Дејмон и Џорџ Клуни.
Глобусот за најдобра актерка отиде во рацете на Кејт Бланшет за нејзината улога на осиромашена богаташка во трагикомедијата на Вуди Ален, „Блу Џазмин“. Глобус за најдобар актер во комедија или мјузикл освои Леонардо Ди Каприо за улогата на Џордан Белфорт во „Волкот од Вол стрит“, додека во женска конкуренција победата ја однесе Ејми Адамс, за улогата во остварувањето во „Американски измамници“. Кога се работи за ТВ наградите, серијата „Брејкинг бед“ е прогласена за најдобра драма, а нејзиниот актер Брајан Кренстон за најдобар драмски актер.
Криминалистичката комедија во режија на Дејвид Расел освои награда за најдобра комедија или мјузикл, надобра актерка во комедија или мјузикл и најдобра споредна улога. Во категоријата драми, победата ја однесе филмот „12 години ропство“ на режисерот Стив Меквин, кој се темели на вистинска приказна за Афроамериканец кој е продаден во ропство во периодот пред американската Граѓанска војна. Од овој филм многу повеќе се очекуваше со оглед на тоа дека имаше седум номинации, но на крајот се закити со еден Златен глобус.
Наградата за најдобар режисер ја освои Мексиканецот Алфонсо Куарон, чиј филм „Гравитација“ стана вистински хит во кината ширум светот, а собра и одлични критики.
За најдобар анимиран филм е прогласен „Замрзнување“, а Златниот глобус за најдобар филм на странски јазик го освои италијанскиот филм „La Grande Bellezza“.
Извор: Б92