Топ 10 бендови што продале најмногу албуми во историјата

Повеќето од овие групи веќе не постојат, но нивната музика е сеуште актуелнa. Тие имаат и повеќе платински албуми од денешните групи. Во продолжение видете кои се групите со најголема продажба на албуми во историјата.

Податоците за продажба на албуми се разликуваат во зависност од изворот, па во рангирањето е земена потврдената  продажба од официјалните музички продавници:

10 . ABBA – 58 милиони албуми

10Шведската група го издава својот прв албум во 1972 година, а остануваат заедно една деценија. Бројот на продадени албуми и синглови на оваа група е 381 милиони . Заработиле околу 300 милиони долари од продажба на албуми , концерти и музички права.

9 . Queen – 61 милиони албуми

9Британската група го издава својот прв албум во 1973 година. Иако тврадат дека имаат продадено 95 милиони албуми, според официјалната продажба бројката е  66 милиони албуми. Се смета дека нивниот профит до денес од продажба и турнеи е околу 200 милиони долари.

8 . The Rolling Stones – 66 милиони долари

8Групата е активна од 1962 година. Според нивни информации имаат продадено 94 милиони албуми , но официјалните бројки покажуваат 66 милиони албуми.

7 . Aerosmith – 66.5 милиони албуми

7Оваа групата е создадена во 1970 година, а најпродаван албум е Toys in the Attic. Во 80-тите години тие се суперѕвезди, а  нивната музика ја слушаат повеќе генерации.

6 . AC / DC – 71 милиони албуми

6Групата е составена во 1973 година. Најпродаван албум на бендот е Back in Black .

5 . Pink Floyd – 74.5 милиони албуми

5Британската група е активна меѓу 1965 и 1996 година. За овие три децении тие продале над 74.5 милиони албуми. Се пресметува дека приходите во овој период пораснале на околу 250 милиони долари.

4 . The Eagles – 100 милиони албуми

4Тие се најстарата активна американска група на оваа листа од 1971 година. Во 1980 година се разделија за по 14 години повторно да се соберат во 1994 година. Најпродаван албум е Greatest Hits 1971-1975 .

3 . Led Zeppelin – 111.5 милиони албуми

3Групата се најде на високото третото место , иако постои само 12 години (1968-1980).

2 . U2 – 150 милиони албуми

2Ирската група има 12 албуми. Дебитираше во 1976 година. Тие се уште се активни и прават едни од најпрофитабилните турнеи. Нето состојбата на групата се проценува на 838 милиони долари.

1 . The Beatles – 250 милиони албуми

1Ако се додадат и неофицијалните бројки од продажбата, таа скокнува на 600 милиони албуми. Групата постои само 10 години – помеѓу 1960 и 1970 година. За разлика од музичарите од Pink Floyd , кои се практично уништени , живите членови на Beatles денес се ужасно богати . Ринго Стар и Пол Макартни имаат заедно околу 1 милијарда долари.

Извор