Делата на големите уметници од историјата на експресионизмот, симболизмот, манеризмот, романтизмот и неокласицизмот, во анимациите на италијанскиот автор Rino Stefano Tagliaferro добиваат нова димензија. Во видеото со наслов „Убавина“, класиците „оживуваат“ со помош на модерните дигитални технологии, а резултатите се импресивни.