Во време кога сите летни фестивали веќе почнаа да ги објавуваат овогодинешните изведувачи, фестивалот Сигет најавува вистински бум – Queens of the Stone Age, Placebo, Imagine Dragons, Bastille, Stromae, Calvin Harris, Klaxons, Laidback Luke и Starlight Girls се првите имиња за 22-то издание на фестивалот, кој се одржува на островот Обуда, во срцето на Будимпешта.
Оваа година „Островот на слободата“ ќе се случи една недела подоцна, од 11 до 18 август.
„Изгледа како добра одлука да го поместиме Сигет една недела подоцна, поради тоа можеме да најавиме подобри имиња во споредба со минатата година. Едноставно кажано, има поголеми шанси бендовите да бидат на европска турнеја таа недела од месецот“, изјави основачот и главниот организатор на Сигет, Кароли Герендаи.
И оваа година, фестивалот Сигет се најде на листата на десет најдобри европски фестивали. Како и во минатото, музичката програма ќе варира и ќе ги опфати сите жанрови, ќе има големи имиња, но и ѕвезди во раѓање.
Николај Митрески