Aмбиенталниот проект Post Global Triо го издаде својот деби албум. Се работи за комплетно импровизиран амбиентален албум на звучни пејзажи, воедно и нивна прва снимка, снимена во студиото на радиото Канал103 во октомври 2012 година.
„Комбинирани во цел час, теренските снимки, суптилните делници и текстури, резонираат некаде помеѓу апстракцијата и наративниот тек, оставајќи ве без здив со своето звучно влијание. Вметнатиот медитативен амбиент и теренските звуци ве носат низ имагинарни пејзажи, раскажувајќи приказна за чувствата и природата. Ова издание е искуство кое може да се почувствува на патување низ далечните територии на македонските планини каде се снимени користените теренски снимки, давајќи јасни слики на суптилните звучни пејзажи“, се наведува во соопштението на новото издание.
И деби албумот го носи името на проектот „Post Global Triо“, а ова изданието е достапно за слободно симнување на страната на издавачката етикета „Post global recordings“.
Post Global Trio е проект помеѓу Тони Димитров, Димитар Додовски и Мартин Георгиевски, настанат како континуитет на одредена комуникација, соработка и како нужност за развивање на одредена сцена. Нивниот втор албум е веќе во подготовка, а планиранo e да се појави за австралиската етикета „Twice Removed“ оваа пролет.